mksqen
21
Чет, Ное
0 Нови / 7 дена

Енергетската заедница ќе воведува санкции за БиХ

Енергетската заедница ќе воведува санкции за БиХ

Типографија

Енергетската заедница (ЕЗ) ќе воведе сет на казнени мерки за Босна и Херцеговина, почнувајќи од 1 април.

Мерките се поради недостаток на напорите на оваа балканска земја да ги исполни своите обврски во согласност со условите од Договорот за енергетска заедница, вели Јанез Копач, директор на Секретаријатот на ЕЗ.

Доколку продолжат санкциите ќе се загрозат планираните инвестиции за енергетскиот сектор во вредност од десетици милиони евра.

Санкциите беа привремено запрени во октомври минатата година поради успешните преговори во рамките на владата на БиХ. Но, санкциите сега се враќаат затоа што договорот за пренос на пазарот на електрична енергија и гас требаше да се синхронизираат до крајот на март, но тој не беше испочитуван.

Најавените казнени мерки вклучуваат суспензија на некои права на глас, како и укинување на патните трошоци за надомест за претставниците на БиХ да учествуваат во настани на ЕК. Европската унија ќе ја суспендираат својата финансиска поддршка за проекти во секторот за гас во БиХ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Балкан