mksqen
19
Нед, Мај
0 Нови / 7 дена

Последни вести

ШЕСТА СТУДЕНТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ“

Скопје

СКЕЕОР претставува студентска конференција на тема Енергетска ефикасност и одржлив развој. Основната идеја на конференцијата е размена на знаења и мислења меѓу студентите, професорите и претставниците од компании со што би се направил чекор напред кон решавање на дел од проблемите од областа на енергетска ефикасност и одржлив развој. Конференцијата опфаќа широки и актуелни области на истражување како обновливи извори на енергија и сите класични и иновативни решенија за подобрување на енергетската ефикасност. Студентите може да обработуваат теми од областа на автоматизација како и паметни мрежи кои вклучуваат интегрирање и редовно користење на електрични возила. Енергетски ефикасните материјали и објекти имаат огромен потенцијал кој студентите исто така ќе можат да го истражат во рамките на конференцијата.

Нула отпад ги награди училиштата од Карпош што собираа електронски и електричен отпад

Скопје

Еколошката организација „Нула отпад“ ги награди училиштата од општина Карпош што имаа собрано најмногу електричен и електронски отпад.

Во ЗЕЛС стручна обука за биоенергетски проекти

Скопје

Во организација на општина Карпош и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија - ЗЕЛС се одржа тренинг за биоенергетски проекти во финансискиот сектор.

Волково со најсовремена пречистителна станица за отпадни води

Скопје

Во скопското село Волково функционира пречистителната станица за отпадни води, која е најсовремен објект од овој вид во земјата, чија изградба чинеше 6,7 милиони евра.

Се продолжува ролерско-велосипедската патека на кејот на Вардар во Горно Лисиче

Скопје

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Горно Лисиче.

Акција за собирање кабаст отпад во општина Аеродром

Скопје

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ утре ќе реализира акција за собирање кабаст отпад.

Порибени водите на реката Вардар

Скопје

Во водите на реката Вардар пуштени се 10 илјади парчиња македонска ендемична пастрмка.

Град Скопје избира најеколошка компанија и најубаво уреден двор

Скопје

Град Скопје на јавен конкурс ќе избира најеколошка компанија со најголем придонес во заштитата на животната средина за 2017 година.

БЕГ грејната сезона ја заврши со нови 2.300 потрошувачи

Скопје

Балкан енерџи груп (БЕГ) годинашната грејна сезона ќе ја заврши со нови 2.300 потрошувачи, од кои речиси половината се потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот, информираат од компанијата.

Скопје доби изработена физибилити студија за пречистителна станица

Скопје

Скопје го доби документот на комплетната физибилити студија  за изградба на пречистителна станица за отпадни води.

Град Скопје апелира да се пријави фрлање отров на јавни површини

Скопје

Град Скопје апелира доколку се забележи појава на труење животни да се пријави во полиција на бројот 192, или во ЈП „Комунална хигиена“ на 02 3216-644 и во стационарот „Вардариште“ на 02 8201-357.

Акција за отстранување електронски отпад во Карпош

Скопје

Општина Карпош во соработка со „Нула Отпад“ од Скопје овој месец ја продолжува големата акција за собирање на отпадната електрична и електронска опрема.

Видео: Еден поинаков зелен ден во Скопје

Скопје

Како да се помине еден поинаков зелен ден во Скопје? Ова е прикажано во видеото според победничкиот концепт на јавниот повик на Зорица Бојаџиева.

За пет години Скопје подобро ќе се справува со климатските промени

Скопје

Главниот град ја доби првата стратегија за климатски промени „Отпорно Скопје“.

Генерално чистење на општината Карпош деновиве

Скопје

Пет јавни претпријатија на Градот Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“ и ЈСП, од денес до крајот на неделата ќе работат засилено во општина Карпош, согласно договореното на претходна координација на градоначалниците на скопските општини.

This module can not work without the AcyMailing Component