mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Скопје ја одбележува Европската недела на мобилност

Скопје ја одбележува Европската недела на мобилност

Типографија

Под мотото „Паметна и одрзжлива мобилност - влог за Европа“ до 22 септември ќе се оддржува Европската недела на мобилност (ЕНМ) во организација на Град Скопје, а во соработка со невладината организација ОРТ, со Делегацијата на Европската унија во Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП.

Оваа година предвидена е разновидна програма наменета за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, на официјалниот почеток рече дека Министерството во изминатиот период ги поттикнувало градовите за организирање на повеќе активности.

  • МЖСПП во иминатиов период ги поттикнуваше градовите, во соработка со граѓанските организации, да организираат масовни активности во текот на Европската недела на мобилност при што ќе промовираат проекти и мерки кои придонесуваат за зголемување на свеста кај граѓаните дека загадувањето на воздухот зависи и од изборот на нивниот транспорт и дека сите ние како граѓани сме одговорни за воздухот што го дишеме - истакна Темелковски.

Информира дека досега официјално пријавени се уште 11 града и тоа Берово, Битола, Велес, Куманово, Охрид, Неготино, Кичево, Струмица, Штип, Пехчево и Дојран.

Темелковски порача дека оствајќи го автомобилот дома, возејќи велосипед, пешачејќи, користејќи јавен превоз и споделувајќи возило моше да се влијае на подобрувањето на квалитетот на животната средина.

Во недела ќе се вози велосипедска тура од Матка, Козјак, Скопска Црна Гора и назад до Гази Баба. Од 10 часот најавени се повеќе активности во паркот на природата Гази Баба меѓу кои и „Велопикник“.

ЕНМ - 2016 ќе заврши на 22 септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.

Европската недела на мобилност се одржува секоја година од 16 до 22 септември, а оваа година до сега пријавени се 2.211 градови. ЕНМ првпат беше иницирана во Франција  во 1998 година, а во Македонија официјалното одбележување започна во 2001 година.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје