mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Генерално чистење на општината Карпош деновиве

Генерално чистење на општината Карпош деновиве

Типографија

Пет јавни претпријатија на Градот Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“ и ЈСП, од денес до крајот на неделата ќе работат засилено во општина Карпош, согласно договореното на претходна координација на градоначалниците на скопските општини.

  • Локалната власт се координираше со сите 14 урбани заедници кои постојат на нејзина територијата, а денес претставници од Градот и од јавните претпријатија со надлежните служби во Општината оперативно се договорија за старт на работата - информираат од општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека традиционално, урбаните заедници од Карпош заедно со граѓаните ги лоцираат клучните проблеми кои ги имаат, а кои се во надлежност на Градот и неговите јавни претпријатија.

  • Досега главно соработката беше со фокус на чистење и сечење на гранки, но овој пат, во следните пет дена, работниците на овие претпријатија ќе работат дополнително и на прекопи, чистење на сливници, поставување на нови капаци на шахти, крпење на ударни дупки, поставување на сообраќајни знаци, поправка на автобуските постојки, како и поставување на три фонтани за пиење вода - потенцираат од општина Карпош.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје