mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Три нови термички фасади во Карпош

Три нови термички фасади во Карпош

Типографија

Општината Карпош ќе обезбеди заштеда на електрична енергија и за станарите на три згради во Карпош 3. Станува збор за реконструкција и поставување термички фасади на кулите на улицата Драгиша Мишовиќ, односно на станбените објекти со број 4, 8 и 12.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски изјави дека фасадите имаат топлинска изолација. Според него, тоа значи дека граѓаните ќе имаат во зимно време заштеда за греење, а во летно време заштеда за ладење. Вкупната инвестиција е 13,7 милиони денари, а работата ја извршува фирмата „Електроводомонт“. Се очекува изработката да заврши за околу два месеца.

Од општината Карпош информираат дека во моментов се работи на 30 фасади на згради на нејзина територија. Јакимовски ги потсети и граѓаните што немаат аплицирано за реконструкција на покривите, треба да го сторат тоа што поскоро, за во наредните 30 години стамбените објекти да бидат во добра состојба.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје