mksqen

Чернобил станува соларен парк

Чернобил станува соларен парк

Типографија

Украинскиот министер за екологија Остап Семерак денеска најви дека властите во Киев планираат да ја претворат некогашната нуклеарна централа Чернобил во огромен соларен парк.

Според него, земјиштето околку Чернобил, каде во 1986 година се случи досега најголемата нуклеарна хаварија, не може да биде користено за земјоделство, па затоа властите планираат да го откупат и на таа локација да изградат соларен парк.

Семерак нагласи за реализација на ваквата идеја има повеќе заинтересирани инвеститори, меѓу кои е и Европската банка за обнова и развој.

  • Успехот на овој проект би отвроли и други можности, а Чернобил со тоа би станал зона на иновации - изјави Семерак, додавајќи дека нивото на радијација значително опаднало во последниве 30 години.

Со планот се предвидува на површиа од околу 6.000 хекатри да бидат поставени соларни колектори, кои би произведувале електрична енергија со капацитет колку и некогашната нуклеарка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет