Властите во Калифорнија извршија евакуација на жителите во стотици куќи што се наоѓаат во близина на шумскиот пожар кој беснее источно од Лос Анџелес.
На сопствениците на други 5.000 куќи засега само им е препорачано да ги напуштат нивните домови, но не им е наредена евакуација.
Во борба со огнената стихија се ангажирани 843 пожарникари, поддржани од 16 авиони.
Поголем шумски пожар беснее веќе 18 денови во реонот на калифорнискиот парк Биг Сур на западниот брег. Таму огнот е ставен под контрола 46 проценти, едно лице загина, а уништени се 57 куќи.
За гасење на пожарот се мобилизирани над 5.000 пожарникари, 405 пожарникарски возила, 41 цистерна, 14 хеликоптери и 67 булдожери.
Калифорниските власти беа принудени да затворат на неопределено време пет национални паркови, кои се наоѓаат долж автопатот кој ги поврзува Сан Франциско и Лос Анџелес.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS