mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Русија: капка по капка до невидлива еколошка катастрофа

Русија: капка по капка до невидлива еколошка катастрофа

Типографија

Излевањето нафта се случува често во многу области во Русија поради застарените нафтоводи, но најчесто станува збор за мали количества и затоа инцидентите не го привлекуваат вниманието на светските медиуми.

Но според министерот за природни ресурси и животна средина Сергеј Донској, вкупно 1,5 милиони тони нафта се излеваат во земјата секоја година. Тоа е повеќе од двапати поголемо количество од она што се излеа во Мексиканскиот залив во 2010 година, од платформата „Дипвотер хорајзон“, и кое се` уште се смета за најголема катастрофа од таков вид во светот.

Главниот проблем, како што изјавил Донској, е што 60 отсто од нафтоводната мрежа во земјата е стара и треба да се менува. Но бидејќи казните биле мали, а контролите ретки, на нафтените компании повеќе им се исплатело да ги лепат дупките и да фрлаат песок врз дамките, отколку да инвестираат во нови водови, истакнуваат активистите. Во 2014 година биле регистрирани 11.709 истекувања од нафтоводи. Поединечните случаи не биле сериозни, но акумулирани, тие веќе нанесувале огромни штети на животната средина, ја уништувале природата, и ја загадувале водата за пиење.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет