mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Островски град изгласал да се пресели на копно

Островски град изгласал да се пресели на копно

Типографија

Жителите на мал остров на Аљаска, кој претрпува многу тешки оштетувања поради климатските промени, одржале референдум за тоа дали нивното село да се спои со копното, или да остане на островот со додатна заштита. Резултатот бил - 89 жители гласале за преселба, а 78 се изјасниле за останување.

Последиците од глобалното затоплување врз островот Шишмареф, северно од Беринговиот проток, се меѓу најдраматичните во светот. Топењето на мразот и зачестените бури предизвикуваат силна ерозија. Во последните неколку години, поради уривањето на бреговите, копното се намалувало во просек по три метри годишно. Затоа жителите, кои се припадници на ескимското племе Инупијат, гласале за иселување.

Дали ќе се исполни волјата на гласачите ќе зависи од финансиите. Уште во 2004 година е проценето дека преместувањето би чинело 180 милиони долари, а останувањето со засилена еколошка заштита, 110 милиони. И во 2002 година имало референдум за спојување, но одлуката не се спровела токму поради парите.

Градоначалникот Хауард Вејиуан рекол дека мора да се најде решение, и дека најлошата опција за селото било да не се прави ништо.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет