Забраната за капење на плажите во градот Лонг Бич во Калифорнија се очекува да трае уште најмалку два дена, откако огромни количества штетни материи се излеале од канализацијата во Лос Анџелес и преку реката стигнале до океанот.
Резултатите од испитувањата треба да покажат дека најмалку два дена по ред водата е чиста, за да се отворат плажите во Лонг Бич и во соседниот Сил Бич, објаснил Нелсон Кер од локалното биро за заштита на животната средина.
Истекувањето на канализацијата се случило на почетокот од неделава во центарот на Лос Анџелес, соопштил градскиот оддел за јавни работи. Дефектот настанал во индустриска зона до источниот брег на реката Лос Анџелес. Како што објаснил претставник на санитарната служба на градот, пропаднал капак од канализацијата, која на тоа место била изградена уште во 1929 година, што придонело цевките да се затнат, па во реката истекле околу 7.500 кубни метри канализациски материи, што е приближно колку три полни олимписки базени.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS