Околу 100 кубни метри нафта (630 барели) истекле од нафтовод на компанијата Кресент Поинт Енерџи, во поле во канадската провинција Саскачивен, соопштиле локалните власти.
Истекувањето се случило во близина на селото Пенант и не го загрозило живиот свет, ниту околните води, кои се користат за пиење и во кои мечките ловат риби, истакнала Лори Пушор, заменик-министерка на Министерството за економија на Саскачивен. Таа додала дека компанијата го затворила нафтоводот, а и чистењето на теренот е речиси при крај.
Ова е втор ваков инцидент во провинцијата Саскачивен во изминативе недели, откако претходно поголемо количество нафта се излеа во реката Северен Саскачивен, со што се загади водата за пиење на два града и тие беа принудени да се префрлат на алтернативни извори за водоснабдување.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS