mksqen
22
Нед, Дек
0 Нови / 7 дена

Ќе нема доволно шампањско поради променливото време

Ќе нема доволно шампањско поради променливото време

Типографија

Штетите од пролетниот студен бран во главните француски региони за производство на вино ќе придонесе за намален принос од 8 отсто на државно ниво и за дури 32 отсто во регионот Шампања, се вели во последната процена на Министерството за земјоделство на Франција.

Во својата прва процена на штетата се предвидуваше пад од 4 проценти. Ниту сегашната проценка не е конечна.

Студен бран пролетва ги погоди регионите Шампања, Бургундија и долината на Лоара, додека Шарлан и Бургундија-Божоле беа зафатени со невремиња и со врнежи од град. Лошите временски услови го избегнаа регионот на Бордо, и производството на вино таму се очекува да биде стабилно.

Бербата на грозјето обично започнува во август и трае до октомври.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет