mksqen
26
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Во мај се очекува нов рекорд на емисии на јаглерод диоксид

Во мај се очекува нов рекорд на емисии на јаглерод диоксид

Типографија

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во глобални рамки лани имаше изненадувачки раст, а таа тенденција продолжи и од почетокот на годинава, поради што се очекува во текот на мај да биде достигнато рекодно ниво на загаденост, соопшти Британската метеоролошка агенција (Мет Офис).

Според Мет Офис, во мај се очекува концентрацијата на јаглерод диоксид во земјината атмосфера да достигне 410 честички на милион (ППМ), со што ќе биде надминат досегашниот неславен рекорд од истиот месец лани, кога таа изнесуваше 407,7 ППМ.

Експертите проценуваат дека растот на концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата во глобални рамки се должи на зголеменото користење фосилни горива и на уништувањето на шумите.

Сепак дел од тој вишок на јаглерод диоксид го впиваат растенијата и океаните, па измераната концентрација всушност е за 50 проценти помала од вистинската емисија на овој штетен гас, наведуваат експертите.

Мината година беше прва откако се вршат овие мерења, во кои концентрацијата на јаглерод диоксид ја надмина психолошката бариера од 400 ППМ, достигнувајќи просечни 404,2 ППМ.

Годинава се предвидува просечната годишна концентрација на јаглерод диоксид да се зголеми за околу 2,5 ППМ во однос на лани и да изнесува 406,7 ППМ.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет