mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Директорот на американската ЕПА не верува дека јаглерод-диоксидот ја загрева планетата

Директорот на американската ЕПА не верува дека јаглерод-диоксидот ја загрева планетата

Типографија

Скот Пруит, новиот директор на Агенцијата за заштита на животната средина во САД (ЕПА), не верува дека јаглерод-диоксидот е главниот причинител на глобалното затоплување. Ова е спротивно од теоријата што научниците ја поддржуваат речиси едногласно, а била став и на самата агенција во минатото.

Според Пруит, тешко било да се одреди влијанието на човекот врз климатските промени и постоеле големи несогласувања во врска со тоа колкав придонес има јаглерод-диоксидот и другите стакленички гасови кон загревањето на планетата.

  • Не би се согласил дека тој гас е главниот предизвикувач на глобалното затоплување што го гледаме - изјавил Пруит.

Водечките американски институции што ги проучуваат климатските промени, како НАСА, НОАА, па и самата ЕПА, го посочуваат токму јаглерод-диоксидот како главен предизвикувач на глобалното затоплување. Според научните истражувања за кои беше доделена Нобелова награда, јаглерод-диоксидот е најсилниот фактор што ја заробува топлината. Тој придонесува кон загревањето 33 пати повеќе отколку природните причини. Научниот панел организиран од Обединетите нации што го изврши истражувањето заклучил дека јаглерод диоксидот самостојно придонел за зголемување на температурите за еден до три степени, објаснува научникот Кери Емануел од Технолошкиот институт на Масачусетс (МИТ).

  •  Скот Пруит едноставно греши за ова - вели тој.

Со слични коментари излегле и повеќемина други научници.

НАСА и НОАА во јануари соопштија дека 2016 година била најтоплата во историјата и дека просечната температура на планетата се зголемила за два степени во споредба со крајот на 19 век. Двете агенции истакнале дека главната причина за тоа се емисиите на јаглерод диоскид и на други гасови предизвикани од човековата активност.

Дури и на интернет-страницата на ЕПА стои дека јаглерод-диоксидот е главниот стакленички гас што придонесува за климатските промени, и дека човековите активности, како согорувањето фосилни горива, предизвикуваат испуштање на големи количества од овој гас.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет