Температурата на Алјаска достигна до минус 59 степени Целзиусови што предизвикува проблеми и за најискусните жители на оваа северна американска држава.
Иако некои жители и по 50 години се на Алјаска и се подготвени за зимата, сепак вака ниските температури им го отежнуваат животот.
Авионите не летаат, автомобилите не можат да се поместат, луѓето се замотани во неколку слоеви облека и така одат по ледот. Пропанот во шпоретите на гас е како желатин, па готвењето е можно само на дрва. Водата во цевките е пред смрзнување, а за ја подобрат изолацијата жителите на Алјаска се потрупуваат со снег.
Откако се вршат метеоролошки мерења најниската измерена температура на Алјаска е минус 91 степен.