Оваа година Пекинг ќе потроши 2,7 милијарди долари во борбата против загадувањето на воздухот.
Средствата ќе бидат употребени за затворање или модернизација на повеќе од две илјади фабрики кои се сметаат за најголеми загадувачи, за замена на јагленот со чиста енергија и исфрлање од употреба на 300 илјади стари возила.
Властите сакаат значително да го подобрат лошиот квалитет на воздухот во Кина, особено во главниот град.
Во последните неколку недели Пекинг во неколку наврати имаше периоди на премногу високо ниво на загадување.