На горилите, мајмуните, лемурите и другите примати им се заканува изумирање, а тоа е последица на многу активности од човекот.
Околу 60 отсто од повеќе од 500 врсти на примати е пред истребување, а бројот на три четвртини од видовите примати опаѓа, се наведува во студија објавена во списанието „ Science Advances“.
Пол Гарбер, истражувач од Универзитетот во Илиноис, вели дека намалувањето на бројот на приматите е резултат на човечки активности, вклучувајќи го ловот, рударството и барањето нафта. Сечата на шумите, сточарството и земјоделството исто така уништуваат драгоцени живеалишта во Африка, Азија и Јужна Америка.
Бројот на една врста горила, Грауер, опадната е од 17 илјади во 1995 година на само 3.800 сега и тоа заради нивното ловење.
Само околу 14 илјади суматрански орангутани се останати на светот. Хајнанскиот гибон е намален на само 25 единки, додека 22 од 26 врсти на примати во Кина се загрозени.
На Мадагаскар се загрозени околу 94 отсто од лемурите.