До крајот на векот на целата земјина топка ќе има десет дена помалку благо и главно суво време отколку сега.
Меѓу најголемите губитници на убави денови ќе бидат Рио де Жанеиро, Мајами и голем дел од Африка, додека Европа и Сиетл ќе добијат повеќе убаво време.
Во последните три децении во светот се забележани во просек 74 денови со убаво време. Меѓутоа до 2035 година бројот на такви денови ќе падне на 70, потоа на 64 во последните две децении од 21 век, се наведува во студијата објавена во весникот „Климатски промени“.
Денови со убаво време се сметаат оние со температура помеѓу 18 и 30 степени Целзиусови, кога влажноста не е преголема и нема дожд.
Промените зависат од местата каде што некој живее и од периодот во годината. Така на пример САД ќе изгуби во просек девет благи летни денови, но нејголениот дел ќе ги врати во зима, пролет и есен кога ќе има повеќе убави денови.
Истражувањето покажало дека Вашингтон, Чикаго, Њујорк и Далас ќе изгубат две недели пријатно време во лето, но затоа во останатиот дел од годината ќе имаат повеќе убави денови.
Најголеми губитници на убаво време ќе бидат тропските краеви и цела Африка, истокот од Јужна Америка, југоисточна Азија и северна Австралија.
Рио де Жанеиро ќе остане без 40 дена убаво време годишно, Мајами до 2100 година ќе скоро цел месец убави денови во пролет и есен.
Истовремено, пак, некои делови ќе профитираат односно ќе добијат убаво време. Најголеми добитници на убаво време ќе бидат Англија и северна Европа. Исто така, Сиетл до крајот на векот би требало да добие девет дена убаво време, а Лос Анџелес, кој и онака изобилува со убаво време, ќе добие уште шест такви денови.