Американската Агенција за заштита на околината (ЕПА) го одбила барањето од лоби групата на автопроизводителите да се продолжи рокот за намалување на потрошувачката на гориво до 2025 година.
Агецијата сака да ја направи својата одлука конечна до заминувањето од функцијата на претседателот Барак Обама, на 20 јануари.
Вршителката на должноста помошник администратор Џенет Мекејб ја информирала Алијансата на производители на автомобили, која ги вклучува повеќето големи производители што продаваат на американскиот пазар, дека нема да се повлече од својата одлука. Производителите исто така биле против тоа одлуката да се прогласи законечна. Но одбивањето на нивните барања било очекувано. Од Алијансата изјавиле дека се разочарани.
- Администрацијата на Трамп ќе одлучи дали ќе се воведуваат новите стандарди или ќе се вратат старите - соопштиле од Алијансата.