mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Нема опасности по земјотресот од 7,7 степени крај јужниот брег на Чиле

Нема опасности по земјотресот од 7,7 степени крај јужниот брег на Чиле

Типографија

Земјотрес со интензите од 7,7 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Тихиот Океан крај јужните брегови на Чиле.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се случил на длабочина од 15 километри под океанското дно, бил со епицентар на 225 километри југозападно од чилеанскиот крајбрежен град Пуерто Монт.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека е можна појава на големи бранови во радиус од 1.000 километри од епицентарот на потресот.Засега нема информации за жртви и предизвикани материјални штети.

Чилеанските власти првично издадоа предупредување за цунами, а раководителот на чиленската Национална канцеларија за вонредни состојби, Рикардо Торо апелираше до жителите на регионот Лос Лагос да ги напуштат крајбрежните подрачја и да преминат на безбедни места. Но пацифичкиот центар за предупредување од цунами подоцна соопшти дека повеќе нема опасност од појава на големи бранови, па властите ја укинаа наредбата за евакуација.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет