mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Добитокот во Монголија масовно умира од студ на минус 50 степени

Добитокот во Монголија масовно умира од студ на минус 50 степени

Типографија

Традиционалните номади во Монголија се соочуваат со природна несреќа наречена џуд, која се случува кога поради температурите и силните снежни врнежи има масовен помор на добитокот.

Со тоа се загрозува и опстанокот на луѓето, во земјата што веќе се соочува со тешка економска криза и со висок раст на цените на основните продукти.

Според временската прогноза, следната недела се очекуваат температури меѓу минус 40 и минус 50 степени во Северна и во Источна Монголија. Владата се уште не прогласила џуд, но сегашните услови се поволни за да се развие таквата појава, вели Ламјав Ојунџагал, директор за прогноза во монголскиот Институт за информации и истражувања во метеорологијата, хидрологијата и животната средина.

  • Официјално, условите се многу тешки во Монголија. Најмногу внимание се насочува кон добитокот, затоа што е главен извор на приходи за сточарите, но и зашто последиците се опасни за луѓето - вели Ојунџагал.

Според податоците од Националната агенција за справување со кризи, во провинцијата Булган во северните делови на Монголија повеќе од три илјади сточари пријавиле дека немаат доволно резерви на храна за да ја издржат зимата. Тоа што го имале било доволно за до февруари или до март. Регионот веќе е под снежна покривка од 40 сантиметри, што е десетпати повеќе од вообичаеното.

Џудот во 2009 и 2010 година беше еден од најсуровите во историјата, и предизвика смрт на дури 9,7 милиони грла добиток. Минатата година од студ умреле 1,1 милион грла.

Ниските температури во Монголија годинава почнаа рано, и веќе во ноември паднаа на минус 47 степени, а до 11 декември 70 отсто од земјата беше под снег. Ојунџагал вели дека во најпогодените региони ќе има уште снежни врнежи. Станува збор за северните и западните региони, или за територија приближно еднаква на државата Египет.

Властите во Улан Батор заедно со меѓународните организации се обидуваат да им помогнат на сточарите. Владата обезбедила сено и трева што треба да се дистрибуира до нив, но за да може да обезбеди повеќе, мора да преговара со Меѓународниот монетарен фонд за да го рефинансира својот долг.

Џудовите станале зачестена појава во Монголија, што според организациите за заштита на животната средина, е резултат на климатските промени. Ова предизвикува проблеми не само за сточарите во далечните региони, туку и за жителите на дивоизградените населби во главниот град, каде што обично се населуваат доселеници од другите делови на земјата, што го напуштаат сточарството. Тие не се поврзани со градскиот систем за греење и мораат да се затоплуваат со горење јаглен и други материјали, дури и гуми и домашно ѓубре, што предизвикува големо загадување. Концентрацијата на ПМ 2,5 честичките делови од Улан Батор достигнала 927 микрограми на кубен метар, а максималната граница препорачана од Светската здравствена организација е 10 микрограми.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет