Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала е регистриран покрај брегот на северниот дел од Калифорнија.
Засега нема информација за евентуални жртви и причинета материјална штета, но не е објавена ниту опасност од цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал на околу десет километри длабочина во Тихиот Океан и на околу 165 километри западно од калифорниското гратче Ферндејл, соопшти американскиот Геолошки институт.
Според тврдењата на корисници на социјални мрежи, земјотресот се почувствувал и во Сан Франциско, кој се наоѓа околу 420 километри јужно.