Париз, Лион, Марсеј и другите поголеми француски градови од пред неколку денови се зафатени од големо загадување на воздухот, кое често се појавува во зимскиот период, предизвикано од фини честички и азот диоксид.
Главниот град на Франција трет ден по ред спроведува мерки за ограничено движење на автомобилите, додека Лион, исто така, ја усвои оваа мерка за првпат во својата историја.
Во парискиот регион Ил де Франс, градоначалничката на Париз и претседателката на регионот разговараат за ефективноста од ограничувањето на автомобилскиот сообраќај и загаденоста на воздухот.
Ситуацијата со загадениот воздухот во Франција со фини честички ќе продолжи, а ова е најдолг и најинтензивен период на зимско загадување на воздухот во последните десет години.
Во Париз, слабиот ветер од пет до шест километри на час, најмногу навечер и рано наутро, предизвикува концентрација на фини честички кои доаѓаат од сообраќајот на патиштата, одредени индустриски објекти, но исто така и од греењето, особено со дрва.
Покрај главниот град погодени се уште Марсеј, Авињон, Руан, Гренобл или долината на Арвр, Лион Вилурбан, каде критичното ниво од 80 милиграми на метар кубен може да биде надминато во наредните денови.