mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

Кинеските велосипеди се пречка за еколошки трговски договор

Кинеските велосипеди се пречка за еколошки трговски договор

Типографија

Европскиот отпор кон големата кинеска велосипедска индустрија е една од пречките да се постигне еколошки трговски договор на преговорите во рамките на Светската трговска организација во Женева.

Министрите за трговија од Европската унија, Кина и од уште 16 други држави, вклучувајќи ги и САД и Јапонија, преговараат за отстранување на увозните тарифи за голем број производи што се сметаат за корисни за заштита на околината. Станува збор за повеќе од 300 производи, но преговорите оделе тешко. Јапонија барала од списокот да се отстрани дрвото, Кина се противела на иницијативата на САД за вклучување на турбините, а ЕУ била против кинеските велосипеди, бидејќи според унијата, во услови на слободен увоз тие би го преплавиле европскиот пазар.

Меѓу производите што би биле вклучени во договорот спаѓаат средства за производство на чиста и обновлива енергија, за енергетска ефикасност, за контрола на загадувањето на воздухот, за управување со отпадот, третман на отпадните води и други.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет