Познатиот актер Харисон Форд е гласот на океанот во краткото видео што беше прикажано на конференцијата за биолошка разновидност на Обединетите нации.
Во видеото се објаснува зошто треба да се заштитат светските мориња.
- Јас сум океанот. Јас сум вода. Јас сум најголемиот дел од оваа планета. Јас ја обликував. Секој поток, секој облак и секоја капка дожд повторно ми се враќаат мене. На еден или на друг начин, потребен сум му на секое живо суштество. Јас сум изворот. Од мене отползуваат - истакнува Форд на почетокот од видеото, продуцирано од организацијата „Конзервејшн интернешнел“.
Понатаму тој продолжува дека луѓето не се различни од другите живи суштества, дека океанот не им должи ништо, туку тој им дава, а тие земаат, но тој секогаш може да им земе се што им дал. Се вели дека Земјата не е планета на луѓето, никогаш не била, ниту ќе биде, но тие сакаат да земат повеќе отколку што им следува.
- Ме трујат, и очекуваат да ги хранам. Епа не функционира така. Ако луѓето сакаат да постојат во природата со мене, и надвор од мене, подобро нека ме слушнат, ова ќе го кажам само еднаш: ако природата не се одржува здрава, луѓето нема да преживеат. Толку е едноставно - додава Форд.
Понатаму се вели дека океанот може да опстои и со и без луѓе, дека порано ја покривал целата планета, и дека повторно може да ја покрие. Видеото завршува со пораката „На природата не и требаат луѓе, на луѓето им треба природата“.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS