Силните дождови што го погодија јужното крајбрежје на Шпанија предизвикаа поплави во Малага и во околните градови, во кои една жена загина.
Станува збор за најсилните врнежи во овој дел од земјата во последните години, поради што шпанската влада издаде предупредување за безбедноста.
Жртвата имала 26 години и била најдена во градот Естепона, на Коста дел Сол, соопштиле локалните власти од Малага.
Шпанските метеоролошки служби издале црвено предупредување, што е највисоко ниво на предупредување и означува екстремен ризик. Во меѓувреме го намалиле нивото на жолто, кое означува голем ризик.
Водата што течела по улиците на градовите била висока речиси до покривите на автомобилите. Досега биле забележани над 600 интервенции на итните служби. На теренот се ангажирани 300 спасувачи.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS