Силен дожд предизвика поплави во северозападна Италија, при што многу патишта, училишта и фирми останаа затворени.
Најтешко се погодени реоните Пијемонт и Лигурија, во близина на границата со југоисточна Франција, која исто така е погодена од невреме и дождови.
Италијанските телевизии објавија видеа на кои се гледа дека се излила реката Танаро поради што градот Гаресио во провинцијата Кунео е „отсечен од светот“.
При поплавите кои го погодија овој регион во 1994 година настрадаа 70 лица.