Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега прогласи вонредна состојба поради силниот земјотрес што ги погоди неговата земја и Ел Салвадор.
Земјотрес со интензитет од 7,2 степена според Рихтеровата скала денеска ги погоди Никарагва и Ел Салвадор. Властите во Ел Салвадор предупредија од појава на цунами.
Епицентаор на земјотресот регистриран е на околу 100 километри од брегот на Ел Салвадор на длабочина од 32 километри во Пацифички Океан.
Земјотресот е почувствуван во главниот град на Никарагва, Манагва, како и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.
Се уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.