Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтерова скала го погоди североисточниот дел на Таџикистан, во близина на границите со Кина и Киргистан, соопшти американскиот Геофизички институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Потресот, за кој првично било соопштено дека е со интензитет од 6,8 степени, бил на длабочина од 75 километри под површина на земјата.