Студен бран го зафати последните денови Казахстан. Температурата е и до 30 степени под сезонскиот просек.
Во главниот град Астана е забележана температура до минус 34 степени Целзиусови, а просекот за овој период од годината е минус пет.
Околу 20 меѓународни и локални летови се откажани поради снег, а и училиштата се затворени поради невообичаениот студ, особено во северниот дел од Казахстан.
Најстуден град во светот е Улан Батор во Монголија, а Астана е на второ место.
Во најголемиот град во Казахстан, Алмати, кој се наоѓа на илјада километри јужно од Астана мобилизирани се околу четири илјади луѓе за да чистат снег.
На почетокот на овој месе, пак, централна Азија ја погоди необичен топлотен бран, а во Узбекистан температурата била и до 30 степени.