Изградбата на нови објекти е обично многу неповолна за воздухот во градовите, особено ако за тоа се уништува зеленило или се спречува струењето на воздухот. Но некои градби и инсталации го обелуваат образот на градежништвото, го уништуваат смогот и произведуваат кислород.
Кулата против смог во Кина се смета за најголемата „правосмукалка“ во светот што го чисти воздухот. Го собира смогот и го испушта другиот воздух прочистен. Воздухот околу неа е за 75 отсто почист отколку во другите делови од градот.
Мостот на алгите во Швајцарија, пак, се храни со сончевата светлина и со јаглерод-диоксидот од автомобилите, и на тој начин создава кислород. Кога ќе достигнат одредена возраст, алгите може да се користат за производство на биодизел или на козметички производи.
„Венди“ е уметничка инсталација, скулптура во градот Њујорк, САД. Може да собере онолку штетни гасови колку што испуштаат 260 автомобили. Од своите врвови испушта свеж воздух и водена прашина.
Фасадата на болницата Мануел Геа Гонзалес во Мексико е направена од материјали што, кога се изложени на сонце, го уништуваат смогот. Дневно може да неутрализира загадување од 1.000 автомобили.
Билборди за прочистување на воздухот се ставаат во близина на градилиштата во Перу. Го собираат загадениот воздух и испуштаат чист, кој може да се рашири и до пет блока наоколу.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS