Владата на Боливија донесе одлука за воведување вонредна состојба во државата заради сушата.
Тоа го објави боливискиот претседател Ево Моралес.
- Заедно со министрите донесовме одлука со која се објавува вонредна состојба во државата во врска со сушата и недостигот од вода во голем број региони. Сушата е предизвикана од климатските промени - нагласува Моралес.
Тоа е најголема суша во изминатите 25 години, јавуваат локалните медиуми.
- Треба да бидеме подгтотвени за најлошото - истакнува Моралес, додавајќи дека кризата поттикнала и „план за големи инвестиции“ со цел доволно снабдување со вода во услови на климатски промени. Вонредната состојба е воведена откако 172 од 339 општини прогласија недостиг од вода.