Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди западниот дел на Аргентина и делови од Чиле.
Се уште нема податоци за евентуална причинета материјална штета и човечки жртви.
Според аргентинскиот Сеизмолошки институт, земјотресот ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, а бил почувствуван во регионот на Атакама и Кокимбо во западно Чиле.