Поради силен ветер, кој достигнал брзина и до 160 километри на час, без електрична енергија останале 125 илјади семејства во Франција.
Во невремето три лица се повредени, од кои едно се наоѓа во критична состојба откако со автомобил удрил во паднато дрво на патот.
Неколку области во Франција објавиле и портокалова фаза за опасност од бурата.
Според француската метеоролошка служба силните ветрови се очекуваат да траат до утре.