mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Земјотрес во близина на нафтен терминал во Оклахома

Земјотрес во близина на нафтен терминал во Оклахома

Типографија

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала го погоди регионот во близина на големиот нафтен терминал во американската сојузна држава Оклахома.

При потресот се оштетени неколку згради, од каде се евакуирани сите жители.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 3,2 километри западно од Кушинг, град со околу 8.000 жители, кој е значаен петрохемиски центар и важно место за испорака на нафта.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за штета врз нафтената инфраструктура.

Локалните власти соопштија дека дел од градот Кушинг бил евакуиран поради истекување на гас.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет