Силен ветар проследен со бура и торнадо „прелета“ над Рим, а според првичните информации, освен големата материјална штета во градот има и жртви.
Во местото Ладисполи, на 30 километри од Рим, погина едно лице, а десетина се повредени. Според извештаите, погининатиот е 47-годишен Индиец врз кого паднал дел од зграда. Уште еден маж се наоѓа во критична состојба откако врз него паднал прозорец. Уништени се продавници и јавното осветлување, урнати се стебла од дрвја.
Падната е и платформа од железничка станица заради што е блокирана пругата и целиот сообраќај. Пожарникарите имале неколку стотици интервенции. Паднат е и дел од осумкатна зграда во самиот центар на Рим. Жителите се евакуирани, а спасени се петнаесетина семејства. Во населбата Чезано, на крајниот север од Рим, торнадото ја предизвикало смртта на пензиониран војник, врз чиј автомобил паднало стебло.
Разорниот ветар предизвикал големи штети, летале покриви, надстрешници, а паѓале и ѕидови. Во главниот град на Италија и прочуениот Колосеум се најде под вода.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS