По неколку месечни закани Европската унија поднела тужба против Германија, поради неуспехот на земјата да се справи со загадувањето на поздземните води и водата за пиење со нитрати.
Според јавниот телевизиски сервис ВДР, во некои делови на Германија, не само што не е забележано подобрување, туку има влошување на состојбите.
Во тужбата, која ЕУ ја подготвила уште во април оваа година, се бара Германија да плати парична казна поради употребата на фертилизатори кои содржат отрови во дози што се штетни и за луѓето и за животните. Според повеќе научни студии, високиот процент на соединенија на нитросамин се поврзува со појава на одредени видови канцерогени заболувања.
Иако Германија уште во 2012 годинна требаше да постапи по барањето на Брисел, германската Влада и покраинските власти не успеале да го намалат нивото на нитрати во водата, поради што освен тужба, Берлин заработи и критики од опозицијата.
Претставниците на партијата Зелени постојано ја обвинуваат Владата за незаинтересираност за проблемот.
Врз основа на регулативата за дозволено ниво на нитрати во водата од 1991 година, Германија ќе биде втората земја членка на ЕУ која ќе треба да плати парична казна.
ЕУ предходно ја казни Франција со три милијарди евра за непочитување на еколошките правила на блокот.