mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Потрагата по нафта веројатно го предизвикала земјотресот во Калифорнија во 1933 година

Потрагата по нафта веројатно го предизвикала земјотресот во Калифорнија во 1933 година

Типографија

Новите истражувања покажуваат дека дупчењето во потрага за нафта во близина на Лос Анџелес предизвикало повеќе земјотреси во областа, вклучувајќи го и тој во 1933 година во кој загинале повеќе од 100 луѓе.

Ако научниците ги потврдат овие наоди, тоа би било прв пат операциите за црпење нафта да се поврзат со разурнувачки земјотрес во САД. Научниците од Геолошкиот институт на САД ги истражуваат историските документи регистрирале неколку потреси во дваесетите и во триесетите години на минатиот век што се потенцијално предизвикани од индустриски активности. Меѓу нив бил и потресот со јачина од 6,4 степени на Лонг Бич во 1933 година.

  • Досега само претпоставувавме дека земјотресите во областа на Лос Анџелес се природна појава, како и дека тие што се предизвикани од човековото влијание се ретки и безначајни - вели Сју Хог, која раководи со студијата на Геолошкиот институт.

Техниките на дупчење за нафта се сменија во минатите неколку децении, па така овие наоди тешко би можеле да укажат на опасност од сегашните зафати. Паралелно со оваа студија, се истражувало и дали човечкиот фактор го предизвикал земјотресот во Лос Анџелес две години подоцна, во 1935 година, но не се пронајдени податоци за тоа.

Прашањето како човечкиот фактор влијае врз појавата на земјотресите се актуелизираше откако се засилија сеизмичките активности во државите Оклахома и Тексас. Со истражувањата била утврдена врска меѓу таа појава и хидрауличкото фрактурирање во барањето нафта, со кое подземните карпи се дупчат со помош на водениот притисок.

Нафтениот бум во областа на Лос Анџелес почнал во 1892 година, кога се најдени извори на нафта. Кога тие пресушиле, потрагата по нафта се префрлила кон југ, кон Санта Фе Спрингс, Инглвуд и Лонг Бич. Истражувачите ги споредувале земјотресите меѓу 1915 и 1930 година со издадените дозволи за дупчење за нафта во тој период. Пронашле 13 потреси што можеби се предизвикани од зголеменото црпење нафта.

Разурнувачкиот земјотрес во 1933 година го погоди Лонг Бич кратко време откако почнале дупчењата за нафта од разични агли. Во силниот потрес загинале 115 луѓе, а многу училишта биле урнати.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Свет