mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Повеќе од 1.100 вторични потреси во Италија

Повеќе од 1.100 вторични потреси во Италија

Типографија

Над 1.100 вторични потреси биле регистрирани во централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, најсилниот потрес во земјата од 1980 година.

  • Ова е вистински пекол, потресите не престануваат - вели Марко Риналди, градоначалник на градот Усита, кој е срамнет со земја од земјотресот во неделата. 

Големи штети има во регионот на Кастеланџело сул Нера.

  • Се е разурнато тука, а она што не е разурнато е нестабилно - изјави градоначалникот на ова населено место, Мауро Фалкучи. 

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети регионот и вети дека Владата ќе стори се што е во нејзина моќ за да ги обнови населените места. 

  • Немаме волшебно стапче, но некако ќе го постигнеме тоа, дури и доколку тоа ни одземе многу време - додаде тој. 

Ренци вети и брзо отпуштање помош за десетици илјади лица, кои останале без покрив над главата. Во моментот 22 илјади лица живеат во  времени засолништа, но се смета дека бројот на луѓето без покрив над главата е многу поголем.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет