mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Германија воведува возови што нема да загадуваат

Германија воведува возови што нема да загадуваат

Типографија

Германската железница се подготвува во редовен сообраќај да воведе локомотива што ќе се движи на хидрогенска енергија и нема да емитува никакви штетни гасови во воздухот.

Локомотивата „Корадија и Линт“ во воздухот ќе испушта само водена пареа, а треба да замени околу 4.000 локомотиви на дизел кои сега ја загадуваат животнатa средина во Германија.

Покраината Долна Саксонија веќе нарачала 14 вакви локомотиви од француската компанија „Алстом“ што ќе бидат тестирани до средината на декември кога треба официјално да почнат со комерцијална употреба.

Локомотивите за кои постои интерес и во Данска, Норвешка и Холандија се движат со помош на огромни литиум - јонски батерии кои се напојуваат од хидрогенски резервоар сместен на покривот на возот. Хидрогенските локомотиви можат да сообраќаат со едно полнење над 750 километри дневно со брзина од 140 километри на час.

Единствената нус-појава на хидрогенската енергија е водена пареа.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет