mksqen
24
Вто, Дек
0 Нови / 7 дена

Земјотресот во Италија го поместил тлото за 70 сантиметри

Типографија

Во областите во Италија, кои во неделата ги погоди земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, тлото е поместено за 70 сантиметри, соопштија денеска италијанските научници.

Сателитските снимки потврдија дека земјотресот кој во неделата ја погоди Италија, деформирал површина поголема од 130 квадратни киломертри, се наведува во соопштението на Националниот истражувачки центар.

Тлото е најмногу поместено во регионот Кастелучо, во близина на малиот град Норча, кој се наоѓа на само шест километри од епицентарот, стои во соопштението.  Во тој регион толото е поместено во страна или потонато за 70 сантиметри.

Земјотресот регистриран во неделата беше најнов во низата сеизмички потреси кои го погодија центарот на Италија оваа година, а по него следеа уште околу 1.100 потреси, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Свет