Ние сме Карпош 4, група на социјалните мрежи, со поддршка на Еко-свест утре во периодот од 10 до 12 часот ќе садат дрвја.
Акцијата ќе почне од собирното место на Партизанска, спроти Доминос пицерија, а ќе продолжи на неколку локации.
Од Ние сме Карпош 4 апелираат до сите заинтересирани граѓани да им се придружат во акцијата, а освен желбата друго потребно за во акцијата е лесна облека, ашов, лопата и ракавици.