mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

Пролетна еко акција во Општина Карпош

Пролетна еко акција во Општина Карпош

Типографија

Општина Карпош и оваа година ја спроведе традиционалната сезонска акција на масовно чистење на сметот во пресрет на доаѓањето на пролетта.

Акцијата ја спроведоа комуналните хигиеничари и вработените во Општина Карпош.

Градоначалникот на Општината Стевчо Јакимовски вели дека со постепеното затоплување на времето, снегот се топи, и останува ѓубре, хартија и друг вид на отпадоци кои влијаат штетно врз животната средина и кој мора да се отсранат.

Јакимовски ги повика граѓаните, веќе на пролет, да ги изнесуваат непотребните предмети, и дотраени апарати за домаќинство, и со помош на Општина Карпош, истите да бидат однесени на соодветно место, т.е на депонија, предвидена за смет и ѓубре.

Општинарите ја поздравија акцијата на индивидуалните граѓани за засадување на дрвја во населбата Карпош 4, и нагласија дека во изминатите четири години, локалната самоуправа засадила вкупно 10.280 дрвца и садници.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје