Општина Центар почна со изградба на парк за миленичиња во рамките на „Паркот на новинарите", лоциран спроти Министерството за образование и наука.
Паркот ќе биде со површина од 308 метри квадратни, а заради поголема безбедност ќе биде опколен со ограда висока два метра.
Во паркот за миленичиња, според најавите од општина Центар, ќе биде поставена урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци, а во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата.