mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Град Скопје преку Сподели возило ќе мотивира користење на јавен превоз

Град Скопје преку Сподели возило ќе мотивира користење на јавен превоз

Типографија

Мотивирање на јавноста повеќе да користи јавен превоз, е целта на дебатата што се одржа во рамки на манифестацијата „Скопски автобуски хакатон“.

Дебатата „Сподели возило“ е дел од истражувачкиот и иновациски проект SocialCar, чиј партнер е Град Скопје.

  • SocialCar и јавниот транспорт се ефективни и имаат поголемо влијание кога голем број патници ги користат. Затоа, цел на оваа дебата е да добиеме софтверско решение кое влијае на промена на менталитетот и однесувањето на луѓето во поглед на оставање на своето возило дома и користење јавен транспорт, организиран превоз на повеќе патници со едно возило или комбинирање јавен транспорт и организирано споделување возило - информираат од Град Скопје.

Целта на дебатата бешеда се изработи иновативно софтверско решение (алатка) кое ќе одговори на прашањето: Што може да го поттикне граѓанинот да го остави сопственото возило дома и да избере јавен транспорт или да дели возило со друг патник.

Град Скопје работи на вклучување на мерката за споделување возила (carpooling) во постоечките системи за јавен превоз со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, споделувањето возила (carpooling) и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи (crowdsourcing).

„Скопски автобуски хакатон“ е организиран во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој, Градот Скопје, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Факултетот за информатички науки и копјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Техничкиот факултет во Битола, Технолошки Парк (SEEUTechPark), Факултетот за информатика од Штип и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

Во рамки на „Скопски автобуски хакатон“ ЈСП распиша јавен повик до сите заинтересирани за изработка на иновативно софтверско решение во насока на зголемување на задоволството од користење на јавниот градски транспорт во Скопје, преку оптимизација на бројот на патници во автобусите на линиите 2, 5, 19, 22 и 57.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје