mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Хакатон за развивање еколошки мобилни апликации

Хакатон за развивање еколошки мобилни апликации

Типографија

Интерактивна работилница и хакатон за развивање мобилни апликации во полето на екологијата „ReFresh F5“ од денеска до 7 декември организира Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и инжинерство во Скопје.

Хакатонот е на иницијатива на професорите и студентите на ФИНКИ и има за цел да ги донесе на едно место програмерите и активистите во областа на екологијата, каде што ќе може да се запознаат со еколошките проблеми со кои што се соочуваме и да работат кон нивно креативно решавање.

Натпреварувачите во следните три дена во просториите на Регионалниот центар за социјални иновации ќе креираат свои мобилни апликации, под менторство од експерти од областа.

Настанот е организиран од Студентскиот парламент на ФИНКИ, со поддршка од ФИНКИ, Македонска секција на ИЕЕЕ, Регионалниот центар за социјални иновации, Програма за развој на Обиденетите нации и Министерстово за животна средина и просторно планирање.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS

Најпопуларни вести во категорија Скопје