Интензивно се работи на чистење на реката Серава.
Од општина Бутел информираат дека по третпат се чисти делницата од мостот во Радишани до мостот кај ОУ „Св. Климент Охридски“. Станува збор за должина од пет километри кои во најголем дел имаат регулирано речно корито.
Реката се чисти од бујната вегетација, како и од наносите мил, песок и отпад што граѓаните го фрлаат во реката.
Општина Бутел во изминативе десет години редовно го чисти коритото на реката Серава, како превентива од поплави, какви што во минатото имало на нејзината територија.
За овој проект ќе бидат потрошени 800 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на општина Бутел.