Почина Тони Ристов, долгогодишен портпарол на зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ), соопштија од партијата.
Ристов имаше 42 години, а беше активен во зелената политика повеќе од една деценија.
- Го загубивме Тони, кој беше долгогодишен портпарол на ДОМ и лицето на македонските зелени. Со него загубивме топол и искрен човек, но и страсен екологист и борец за правда - се истакнува во соопштението.
Од партијата додаваат дека посмртните останки ќе бидат изложени утре (понеделник, 15 август) од 10 до 11 часот во капелата во Ѓорче Петров.
Почина Тони Ристов, портпаролот на ДОМ
Типографија
- Font Size
- Default
- Режим читање