mksqen
23
Пон, Дек
0 Нови / 7 дена

Престанува забраната за движење низ шумите

Престанува забраната за движење низ шумите

Типографија

Вечерва на полноќ престанува да важи забраната за движење низ шумите и шумските појаси која беше воведена на 6 јули како превентивна мерка за заштита од пожари.

Од јавното претпријатие „Македонски шуми“ наведуваат дека засега нема потреба од продолжување на забраната, но посочуваат дека доколку се процени дека има потреба ќе биде дополнително воведена и јавноста ќе биде информирана.

Ограничувањето за движење во шумите важеше за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне. По 17 часот движењето беше дозволено заради одмор и рекреација, но на сопствена одговорност за својата безбедност, и со обврска да не се нанесува штета (да не се пали оган итн). Ограничувањето не важеше за организирана тура туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови, која ќе биде во придружба на претставник од „Македонски шуми“ или од соодветниот парк.

Завршува и забраната за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, која беше исто така воведена на 6 јули.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS