Неколку уметници од Гевгелија, Струмица, Скопје и Дојран волонтерски се вклучија во отворениот настан организиран од локалниот партнер „Ренатура“, објави фејсбук-страницата „Поврзување на луѓето со природата“.
Користејќи го езерото и неговото флористичко богатство, уметниците на свој начин го промовирале ова значајно растително подрачје, се вели во објавата.